Двојно ќе се оданочуваат граѓаните кои имаат дополнителен приход

447
0
SHARE

На лошите политики на владата им нема крај! Двојно ќе се оданочуваат граѓаните кои имаат дополнителен приход над милион денари годишно!

По серијата нови давачки кои владата на СДСМ ги воведе кон граѓаните, СДСМ почнува со оданочување на сите физички лица кои имаат годишни приходи од над милион денари. Ако се направи една едноставна пресметка ќе се добие податок дека секој оној кој годишно заработува над 16 000 евра, владата на СДСМ ќе го задолжи да се регистрира како ДДВ обврзник.

На тој начин за секој остварен приход каде е исклучен персоналниот данок на доход ќе се плаќа и ДДВ. На овој начин физичките лица се ставаат во нерамномерна положба во однос на компаниите, бидејќи ќе бидат двојно оданочени, и со персонален данок на доход и со ДДВ.

Според владата на СДСМ, секој оној кој ќе заработува дополнителен приход од над 1300 евра месечно, ќе биде двојно оданочен и со персонален данок од 10% и со данокот на додадена вредност од 18%..Согласно пресметките на крајот од годината секој оној кој заработува околу 80 000 денари месечно, како дополнителен приход, ќе биде оданочен со над 250 000 денари на вкупната сума од 12 месеци.

Според законот, владата на СДСМ предвидува сите оние физички лица кои нема да се пријават како ДДВ обврзници, да платат казни во висина од 250 до 375 евра.

Во предизборниот период СДСМ на граѓаните и на фирмите им ветуваа дека ќе го вратат прагот за оданочување на 2 милиони денари, со што голем дел од малите фирми и граѓани кои имаат приход од 2 милиони денари годишно нема да бидат ДДВ обврзници.

Во текот на 2016 година, тогашниот функционер на СДСМ и дополнителен министер за финансии Кире Наумов на средби со стопанственици и граѓаните, ветуваше дека откако СДСМ ќе дојде на власт, ќе има зголемување на прагот на ДДВ на 2 милиони денари за фирмите и граѓаните, со што дополнително ќе се ослободеле малите фирми и граѓаните од нови давачки за ДДВ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here