Единствен откриен загадувач во Скопје е Дрисла

688
0
SHARE

Единствената легална депонија „Дрисла“ е единствениот откриен загадувач од страна на Државниот инспекторат за животна средина во последните три години. Во овој период само оваа депонија е казнета и тоа пред дваесетина дена. Тогаш инспекторите открија дека печката во која се согорува медицинскиот отпад испушта над дозволеното јаглерод моноксид, сулфур диоксид и прашина. Наместо максималната, на депонијата „Дрисла“ ѝ беше изречена три пати помала парична казна.

Казната е до 25.000 евра, спогодбено е договорено они да платат 8.500 евра меѓутоа да спроведат, да монтираат филтри. Затоа е намалена казната, затоа се вика спогодбено. Тие се задолжени тоа да го направат, потпишале дека ќе го направат и очекуваме тоа да го реализираат. Доколку не го реализираат, согласно Законот, инспекторатот ќе постапи“, изјави Мирослав Богдановски, директор на Државниот инспекторат за животна средина.

Рокот од 90 дена за поставување на овие филтри истекува на почетокот на март. До тогаш спорната печка мора да работи со намален интензитет.

Смее да гори само осум часа во денот, не во три смени како што беше претходно, кога временските прилики тоа го дозволуваат. Немаме друга варијанта за тој медицински отпад и може да настане многу поголем проблем во однос на складирање и постапување со него. Значи целиот медицински отпад од Република Македонија се носи во Дрисла“, додава Богдановски.

Инспекторатот во последните три месеци од 2017, покрај редовните, извршил и 15 вонредни контроли во Скопје и во Тетово, но освен „Дрисла“ не открил други загадувачи. Буџетот на оваа институција за 2018 година првично беше понизок од 2017, но Владата одлучи да го зголеми за 10 милиони денари, со што ќе достигне вкупно 400.000 евра. Инспекторатот има 15 инспектори, од кои само три работат во Скопје. Богдановски за годинава најави ангажирање на шест до седум нови инспектори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here