Едно лице загина, а четири се повредени во несреќа на автопатот Гостивар-Тетово

448
0
SHARE

Полициски извори за порталот „Тетова1“ откриваат дека жената која што утрово загина во сообраќајната несреќа на патот Тетово-Гостивар е од Кичево.

Веќе покојната, управувала патничко моторно возило Мерцедес, а останатите четворица Туарег од околината на Дебар и патувале кон скопскиот Аеродром.

Утрово околу 07:00 часот на наплатната станица Тетово-Гостивар се случи сообраќајната несреќа во која загина едно лице а уште четворица се повредени.

Од тетовската болница за „Тетова1“ откриваат дека кај нив се донесени 4 повредени лица, една жена и тројца мажи.

Според информациите на „Тетова1“ на Клиничката болница во Тетово Хоспитализирани се: Арбен Клобучишта, Мерсим Колеци, Ариф Колеци и Блериме Клобучишта.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here