Едноставен трик за гледање Youtube без реклами

169
0
SHARE

Ако сакате да гледате видеа на YouTube без реклами и не сте корисник на Huawei, кој користи YouTube Vanced (или кој било друг телефон со таа апликација), тогаш ова е трик за вас.

Проблемот со овој трик е што не знаеме колку долго ќе можете да го користите, но дефинитивно ќе ве запознаме со него, додека работи!

Корисниците на Reddit откриле дека по адресата youtube.com, треба да се стави само една точка на постојната адреса на кое било видео, а видеото ќе се прикаже без реклами.

Како изгледа во пракса.

Видео на YouTube со реклами:

-https://www.youtube.com/watch?v=T9mtn1w-AlM

Видео на YouTube без реклами:

– https://www.youtube.com./watch?v=T9mtn1w-AlM

Немаме информации колку време ќе треба на Google да го отстрани овој едноставен трик, што не ги прикажува рекламите на луѓето во видеата на YouTube, но кој сака има можност да го искористи ова веднаш.

Не заборавајте дека и со блокирање на рекламите го блокирате надоместокот за авторите на видеото, затоа размислете пред да го користите овој трик и да ги поддржите авторите што ви се допаѓаат или да платите YouTube Premium за YouTube без реклами и премиум содржина достапна само за претплатените корисници .

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here