ЕЛТОН ЏОН ПРЕКИНА КОНЦЕРТ: Британската музичка легенда го изгуби гласот, публиката сепак аплаудираше

843
0
SHARE

Британскиот музичар Елтон Џон морал да го прекине концертот во Нов Зеланд, поради воспаление на градите. Пејачот во неделата за време на настапот, останал без глас и морал да се повлече од сцената.

„Целосно го изгубив гласот. Не можам повеќе да пејам. Морам да си заминам“, изјавил Елтон низ солзи пред собраната публика.

Подоцна на „Инстаграм“ објаснил дека иако од претходно му било дијагностицирано благо воспаление на белите дробови, тој одлучил да настапи на концертот. Откако се повлече од сцената, публиката го испрати со овации.

„Свирев и пеев од срце, сè додека не останав без глас. Рзаочаран сум и сакам да се извинам. Дадов сè од себе. Ви благодарам за поддршката и на љубовта која ми ја искажавте за време на настапот. Вечно ќе ви бидам благодарен“, напишал Џон на „Инстаграм“.

Елтон Џон уште во 2018 година изјавил дека ќе се откаже од турнеите за да му се посвети на семејство, но најави дека ќе се прости од обожавателите со серија од 300 концерти во период од три години.

Британските медиумите пишуваат дека засега не е јасно како болеста ќе влијае на неговите настапи. со оглед на тоа дека за време на турнејата, Џон треба да одржи уште два концерти во Нов Зеланд.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here