Турскиот претседател Тајип Реџеп Ердоган ќе ја отвори реконструираната Али Пашина џамија во Охрид, јави ТВ Сител.
Објектот на кој три години се градеше и минарето беше причина за протести на Охриѓани кои бараа да запре, според нив, нелегалната градба.
Објектот, како што дознава Сител, се градел согласно договорот меѓу Турција и Македонија.