Ердоган соопшти: Турција произведе лек за Ковид-19

1249
0
SHARE

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турските научници успешно го произвеле лекот „фавипавир“ кој се користи како теpaпија за Ковид-19. Ердоган, исто така, денеска најави продолжување на ублажувањето на pecтрикциите воведени за спречување на ширењето на новиот коронавирус, објави агенцијата Анадолија.

„Мораме да се навикнеме на фактот дека новото време ќе продолжи некое време“, рече Ердоган по тричасовниот состанок на Кабинетот во главниот град Анкара.

Турција на 1 јуни ја соопшти првата фаза од ублажувањето на мерките, со оглед на тоа дека земјата забележа напредок во борбата против пандемијата на коронавирус.

Во Турција досега се потврдени 172.114 случаи на Ковид-19, a бројот на оздравени пациенти е (најмалку) 144.598. Од последици на болеста Ковид-19 во земјата досега починаа 4.728 луѓе, според статистичките податоци на Министерството за здравство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here