Ерол Муслиу нов директор на Агенцијата за разузнавање

764
0
SHARE

Со одлука на новиот претседател на државата, Стево Пендаровски, Еролд Муслиу е именуван за нов директор на Агенцијата за разузнавање.

Ерол Муслиу, завршил Факултет за безбедност во Скопје како еден од најуспешните студенти. Муслиу по дипломирањето веднаш бил вработен во 1994 година во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и постепено напредува по скалилото на хиерархијата како исклучително посветен и висок професионалец. Со формирањето на Агенцијата за разузнавање, тој преминува да работи како разузнавач. Тој е полиглот, зборува повеќе јазици, интелектуалец меѓу безбедносните професионалци. Во 2011 година, бил еден од кандидатите на претседателот на државата, Ѓорге Иванов за директор на Агенцијата за разузнавање. Тој е непартиски кадар како предлог за директор на УБК. Во моментот ја врши функцијата помoшник во Агенцијата за разузнавање.

Мандатот на досегашниот директор, Зоран Иванов заврши денеска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here