На денешната владина седница Есад Рахиќ е назначен за директор на истражниот затвор во Шутка.
Тој доаѓа на местото на Ѓоко Котевски кој поднесе оставка во февруари, по инцидентот со обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.
Рахиќ беше пратеник на СДСМ од 2002 до 2006 година кога беше исклучен од партијата и во вториот пратенички мандат делуваше како независен.