Еуропол: Албанија е главен извор на марихуана и синетички дроги за земјите од ЕУ

2101
0
SHARE

Трговијата со дрога и наркотични средства е најпрофитабилен бизнис за криминалните структури во земјите од ЕУ. Во овој нелегален бизнис се вртат околку 24 милијарди евра годишно. Токму затоа една третина од криминиалните групи кои оперираат на територијата на ЕУ се занимаваат со производство и дистрибуција на наркотични средства.

Албанија и оваа година е на врвот на листата како земја од која се снабдуваат Европските земји со наркотични дроги. Покрај марихуана постојат уште 620 видови на синтетички дроги кои се произведуваат и произлегуваат од оваа земја. Едни од најпознатите во моментов се  Фентанилот и Каптагон (дрога која ја користат припадниците на ИСИС).

Фентанил- синтетичка дрога

Податоците велат дека само во Британија 68 луѓе имаат починато од користење на овој вид синтетичка дрога.Стои во извештајот на Еуропол.

Во извештајот стои исто така дека само 1 процент од целокупниот шверц на наркотици се пресретнува и открива годишно. Овие криминални групи имаат изградено мрежа која е тешко да се открие.

Балканскиот регион и понатаму е број еден место за транзит на хероин и кокаин кон Европа, Албанија води неприкосновено.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here