Еве ја пресудата за Никола Груевски и Ѓоко Поповски

730
0
SHARE

Денес Кривичниот Суд за случајот “Тенк” или набавката на Блиндираниот Мерцедес, му изрече казна од 6 години и 6 месеци на Ѓоко Поповски и 2 години на Никола Груевски.

Никола Груевски доби две години затвор за примање награда и противзаконито влијание во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес, а Ѓоко Поповски доби 6 години и шест месеци за злоупотреба на службена должност и овластување.

Судијата Добрила Кацарска која во текот на вчерашниот ден изрече ослободителна пресуда за Зоран Заев во случајот поткуп изрече осудителна пресуда од две години затвро за екс-премиерот Никола Груевски, а во врска со случајот „Тенк“.

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ не беше присутен на изрекувањто на пресудата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here