Еве кога ќе треба да го смените пасошот и регистарската табличка на автомобилите со ново име Република Северна Македонија

599
0
SHARE

Граѓаните ќе добијат нови регистарски таблици со ознака NMK, а додека почне нивната изработка, преодно решение ќе биде налепница NMK која ќе се лепи на постоечките таблици.

Исто така на постоечкит пасоши ќе биде ставен печат со кој ќе биде означено дека се пасоши на Република Северна Македонија, а нови пасоши со новото име ќе почнат да се издаваат кон крајот на годинава.

„Министерството за внатрешни работи да започне со издавање на нови регистерски таблички, во рок од 4 месеци. Во меѓувреме, како преодно решение, МВР ќе обезбеди налепници со ознака „NMK” за регистерските таблички на возилата.

Министерството за внатрешни работи да ги преземе потребните мерки и активности за спроведување на решение во преодниот период до создавање технички претпоставки за издавање на нови патни исправи. Издавањето на нови пасоши да започне од крајот на 2019г.

Во преодниот период, Министерството за внатрешни работи при излез од или влез во Република Северна Македонија, во постојните и новоиздадените во преодниот период патни исправи ќе биде ставен печат кој ќе појасни дека патните исправи припаѓаат на Република Северна Македонија.“, соопштуваат од Владата.

Извор Курир

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here