Европскиот машки ракометен првак Вардар денеска беше на прием кај претседателот на државата Стево Пендаровски.
Ги пречекавме европските шампиони, нашите спортски херои од Вардар. Ви благодариме уште еднаш што нè направите горди! Ќе се заложиме сите, успешната приказна Вардар да продолжи и понатаму да биде наша гордост и да се надградува со нови трофеи и успеси, изјави Пендаровски.