Зоран Заев ги пречека играчите и управата на ракометниот клуб Вардар во Владата на Република Македонија. Тој им врачи признание на клубот и играчите за постигнатиот успех и им вети парична награда.
Според изјавата на премиерот, Вардар ќе добие 500 илјади евра од Владата како награда за постигнатиот успех, дополнителени 100 илјади евра од Агенцијата за млади и спорт.
Претходно и градот Скопје, донесе одлука на Советот да ги награди играчите и клубот на Вардар со 6 милиони денари.