Фалангата кажа “НЕ” на новото наметнато име “Северна” во Словенија

420
0
SHARE

Членовите на македонската фаланга кои ја следат фудбалската репрезентација на квалификациониот меч за ЕУ 2020 ги покриле сите промотивни материјали на кои пишува “Северна” Македонија.

Вака изгледаат сега билбордите за најавата на вечерашната утакмица во Љубљана меѓу Словенија и Македонија.

Сите промотивни пораки каде што пишува “северна” македонските навивачи со специјална лента ги покриле со зборот Република. Северна е избришана на преку 30 билборди и други реклами.

Словенечките власти не ги бараат сторителите на оваа интервенција на македонската фаланга која по вчерашниот триумф на ракометарите на Вардар денеска очекуваа победа и на фудбалската репрезентација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here