ФATAЛHИ И ВО 50ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ: Британската актерка блеска и во шестата декада од животот

887
0
SHARE

Елизабет Харли (54) како да ја заборавија камерите, а и самата Харли се држи надвор од таблоидите. Па откако Јеј Ло го фасцинираше светот со својот изглед и форма како дама во педеситите години од својот живот, не можете да останете рамнодушни и на Елизабет Харли. 

Таа за денот на вљубените ги почасти своите фанови на Инстаграм со „пpoвокативна“ фотографија во бикини.

„Среќен Денот на вљубените“, им посака на следбениците со емотикон срце.
Се разбира, многумина веднаш го пофалиле нејзиниот фит изглед, што може да посрами некои двојно помлади жени.

„Сè уште сте неверојатни“, „Јас сум 20 години, но не сум никаде во близина на оваа линија“, и ласкале нејзините фанови.
Харли уверува дека овој изглед не е резултат на генетиката, туку на здрав начин на живот. Таа поминува многу време во природа. Вежба, шета со кучиња и се релаксира, а нејзината исхрана се состои од нутритивно богати намирници.
Станува во 7:30 часот наутро и веднаш прави клекнувања додека ги мие забите. Таа истата рутина ја повторува попладне. По појадокот, таа ги зема своите две кучиња и оди на прошетка од половина час.
„Одам малку побрзо, но не трчам.Само колку да се забрза срцевиот ритам“, рекла таа за списанието Women’s Health

„Свежиот воздух гме ослободува од сите тензии“, додава таа, истакнувајќи дека ова е причината зошто има многу мала шанса да ја сретнете во теретана. Понекогаш вежба Пилатес или јога, но најмногу кога патува и има повеќе време.
Што се однесува до исхраната, таа пие две чаши топла вода наутро на празен стомак, а потоа јаде грчки јогурт со банана и мед. За ручек јаде супа од зеленчук и за вечера пилешко и многу зеленчук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here