Фејсбук разгледува ограничување на лајв-стримингот

301
0
SHARE

По терористичкиот напад во Нов Зеланд, Фејсбук вети дека ќе го разгледа ограничувањето на лајв-стримингот откако оваа опција беше користена за време на терористичкиот напад врз две џамии во Нов Зеланд

Социјалната мрежа Фејсбук (Facebook) вети дека ќе го разгледа ограничувањето на лајв-стримингот две недели откако оваа опција беше користена за време на терористичкиот напад врз две џамии во Нов Зеланд, јавува AA.

Оперативната директорка на Фејсбук, Шерил Сандберг, изјави дека се согласува со повиците дека „мора да се стори многу повеќе“ за спречување на таквите пропусти.

Таа истакна дека оваа социјална мрежа ќе ја заостри опцијата за пренос во живо.

Во меѓувреме, и Нов Зеланд ќе ги разгледа неадекватните национални закони за говорот на омраза.

Министерот за правда на Нов Зеланд, Ендрју Литл, истакна дека сегашните закони не го регулираат злото и омразата што ја гледаме на интернет.

Во терористички напад извршен врз џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во градот Крајстчрч, Нов Зеланд, загинаа 50 лица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here