Формирани се работните групи за иднината на СЈО

242
0
SHARE

Формирани работните групи за законот за јавно обвинителство кои произлегоа по средбата меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неделата.

Работата на групите ќе се одвива на партиско ниво. Според информации од власта, во нив ќе учествуваат и независни правни експерти.

Министерката за правда Рената Дескоска ќе ја предводи групата на СДСМ. За канал 5 таа вели дека првиот состанок допрва треба да се договори со претставниците на ВМРО ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека динамиката со која што ќе работат групите од страна на двете партии и колку време ќе биде потребно за да дојде одреден напредок ќе зависи од власта.

Неизвесно е колку е можен консензус околу предлог законот имајќи ги предвид спротивставените ставови на власта и опозицијата особено во однос на иднината на специјалната обвинителка Катица Јанева во СЈО. Опозицискиот лидер по средбата со премиерот дециден дека Јанева повеќе не може да остане на функцијата, додека Заев изјави дека специјалната обвинителка и нејзиниот тим ја имаат неговата целосна поддршка.

Извор Канал5

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here