Фото:Брдо од одпад и ѓубре пред Министерство за Култура

492
0
SHARE

На само дваесетина метри пред Министерството за Култура има брдо од отпад и ѓубре кое веќе со денови стои во и покрај контејнерите. Миризбата е крајно неподнослива сликата уште повеќе.

Граѓани од општина Центар ни ги доставија фотографиите и ја изразија својата загриженост за неажурноста на комуналните служби на градот.

Тие велат дека со отварањето на Боемската Улица, отпадот и ѓубрето се секојдневие во Дебар Маало. Се отворија толку многу нови угостителски објекти, постоечките работат со зголемен интензитет особено сега кога времето е потопло, а комуналните служби работат со ист или намален интензитет. Бројот на контејнери исто така е премал за да се собере целиот отпад кој го фрлаат угостителските објекти и жителите во овој дел од Центар. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here