Утрово на зградата на скопскиот аеродром се поставуваат буквите со новото име Меѓународен аеродром Скопје, откако на 24 февруари беа отстранети старите букви.
Аеродромот беше преименуван во февруари оваа година, а автопатот од „Александар Велики“ беше преименуван во „Пријателство“.

Претходно, скопскиот аеродром го доби името „Александар Велики“ со владина одлука од 2006 година, по што почна процесот познат како антиквизација на државата.