Франција го повлекува својот амбасадор во Италија на консултации

280
0
SHARE

Франција го повлече својот амбасадор во Рим на консултации по, како што наведува официјален Париз, неоснованите и повторени напади од италијанските политички челници изминатите месеци.

Овој дипломатски потег, кој очигледно зборува за крајно влошените односи меѓу двете земји членки на Европската унија, доаѓа два дена откако италијанскиот вицепремиер Луиџи Ди Мајо престојуваше во Париз на средба со претставници на движњето Жолти елеци, кои протестираат против владата на Емануел Макрон.

Претходно изминатите неколку месеци односите меѓу Италија и Франција се затегнаа откако претставниците на италијанската влада, која ја сочинуваат десната партија Лига и европскептичното и антиестаблишмент Движење пет ѕвезди, остро го критикуваа францускиот претседател Емануел Макрон кој го критикува Рим за неговиот однос кон имигрантите, нарекувајќи го лицемер бидејќи Франција не преземала ниеден барател на азил.

„Франција и Италија ги обединува заедничка историја, споделуваат иста судбина. Заедно ја градеа обединета Европа и работат во името на мирот. Франција е длабоко приврзана на овие пријателски односи кои се негуваат зоработката во сите области и ги зближуваат нашите надори. Француско-италијанското пријателство како никоша досега има потреба од решение на предизвиците со кои се соочуваме во XXI век“, се наведува во писмената изјава на француското министерство за надворешни работи.

Во соопштението се додава и дека нападите од Италија се без преседан од Втората светска војна.

Извор Нетпрес

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here