Генерален директор во ЕЛЕМ, од забрана на семки до притисоци за зачленување на партиски синдикат!

832
0
SHARE

Од загрижено вработено лице во АД ЕЛЕМ примивме потресна порака за начинот и функционирање во компанијата.

Освен што владата на СДСМ прави сопствен синдикат во ЕЛЕМ, генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски врши тежок притисок кон вработените за да се приклучат на тој синдикат.

Вработениот како што вели, во Подружница Енергетика дури и директорот ги повикал сите кои немаат потпишано во канцеларија и со тешки закани ги принудил на потпис.

Во дирекција на АД ЕЛЕМ, поставените секторски директори кои се блиски до Зоран Заев, упатувале закани по работни места, па поради тоа и голем дел од вработените се префрлени со работни места по Подружници во кои нема основни работни услови, намалени им се на платите и променети им се работните места, а често се случува и да добијат казна на плата и дисциплинска.

Воено загрижениот вработен исто така пренесе дека Генералниот Директор Миновски, ги повикал вработените да им соопшти дека не смеат да грицкаат семки или сончоглед на своето работно место, како и дека ги проверувал кантите за отпадоци!

Издавачот на порталот не гарантира дека порталот и сите негови содржини и делови ќе бидат секогаш достапни и на располагање на корисниците, како и дека нема да содржат грешки, ниту гарантира за точноста и сигурноста на информациите и материјалите, услугите и производите објавени на ИНФОЊУС, како и за последиците кои можат да настанат со употреба на истите. Овој текст е испратен до нашата редакција и не сносиме одговорност за истиот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here