Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбjорн Јагланд ја повика албанската опозиција да остане во Парламентот

250
0
SHARE

Изразувајќи загриженост во врска со одлуката на опозицијата да се повлече од Парламентот, Торбјорн изјави дека „во демократијата законодавниот дом е прва инстанца во која треба да се дебатира и бара решение за политички прашања. Албанската опозиција не треба да го напушти Парламентот”.

Имајќи ги предвид протестите во Тирана најавени за денеска тој нагласи дека „сите партии треба да се воздржат од насилната реторика и немирите на улиците. Правото на собирање и демонстрации треба да се остварува мирно”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here