Германија го одби предлогот на Трамп за враќање на Русија во Г7,

102
0
SHARE

Германија го отфрли предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да се покани рускиот претседател Владимир Путин на средбата на Групата седум најразвиени земји (Г7), изјави германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас.

Русија беше исклучена од Г7 во 2014 година, по анексијата на Крим, а Трамп минатиот месец предложи Г7 повторно да се прошири, пренесуваат британските медиуми.

Мас, меѓутоа, за „Рајнише Пост“ изјави дека не гледа можност да и дозволи на Русија да се врати во Г7 се додека не се оствари значителен напредок во решавањето на конфликтот во Крим и источна Украина.

-Г7 и Г20 се два координирани формати. Не ни требаат повеќе Г11 или Г12, рече Мас за предлогот на Трамп, покрај Русија, и други земји да бидат поканети на средбите на Г7.

Мас рече дека односите со Русија во моментов се тешки во многу области, но дека Русија е неопходна за решавање на конфликтите во Сирија, Либија и Украина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here