ГЕРМАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ЈА ОЦЕНИЈА СО НУЛА ЕКОНОМСКАТА ПОЛИТИКА НА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ!

640
0
SHARE

Германските бизнисмени во земјава ја оценија со нула македонската влада! Германците сметаат дека владата дала приоритет на надворешната политика, но го изгубила фокусот во економијата.

Компаниите бараат правна сигурност, безбедност и предвидливост за да ги планираат и реализираат инвестициите, очекуваат поголема вклученост во донесувањето на законските измени, како и натамошна, уште поинтензивна борба со корупцијата и криминалот. Сметаат и дека се избрзало со даночните реформи.

Според анкетата што ја презентираше денеска директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, 76 отсто повторно би инвестирале тука, а 61 процент од компаниите сакаат во земјава да се воведе евро.

Во однос на економската ситуација, 56 проценти од инвеститорите за 2018-та дале лоша оценка, а 54 проценти не се надеваат на поголеми промени.

Владата концентрирана на надворешната политика, а фокусот од економијата е изгубен. Во секојдневието има потешкотии за независно судство кое ќе ги спроведува законите. Довербата во судството е нестабилна и со „рекла – казала“ од типот: дали овој адвокат е на моја или на нечија друга страна, може да се наруши, предочи Мартенс.

Клучните проблеми, напомена, и натаму се недостигот на стручен кадар, недовербата во судството, неефикасната администрација, даночните оптоварувања и непредвидливата политика кон стопанството.

Во анкетата, позитивно се оценети трошоците на труд, продуктивноста и подготвеноста на персоналот за работа.

Вкупно 43 отсто од компаниите планираат да ги зголемат инвестициите, 48 проценти не планираат нови инвестиции, а 10 отсто планираат да ги намалат своите инвестиции. Во однос на бројот вработени, 39 отсто најавуваат нови вработувања, 51 процент ќе останат на истиот број вработени, додека 10 отсто планираат да ги намалат вработувањата, рече Мартенс, додавајќи дека при планирањето на инвестицијата, компаниите обично се одлучуваат за оние региони каде неврабтеноста е поголема, само за да имаат кадар.

Во земјава засега работат преку 200 компании со германски капитал кои вработуваат 20.000 лица. Трговската размена, пак, со Германија минатата година достигна 3,6 милијарди евра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here