Гинекологот кој имал ординација на диво, ќе продолжи да биде директор на струшката болница!

110
0
SHARE

Мухамед Асани, гинекологот кај кого Државниот санитарен инспекторат дома најде нерегистрирана гинеколошка ординација продолжува да биде директор на струшката болница. Од Министерството за здравство велат дека во тек е стручен надзор за предметот каде родилка од Дебар по породувањето остана без матка, бубрег и јајник и дека по надзорот јавноста ќе биде известена за заклучокот.

Надзорот го спроведува Лекарската комора каде член е и доктор Асани. Тоа што ДСЗИ кај него дома најде нерегистрирана ординација која што функционирала со години не беше доволно за да биде сменет од директорското место во струшката болница.

Јавноста особено се вознемири што на Асани му беше издадено решение за забрана за вршење на здравствена дејност во ординација која воопшто не ни била регистрирана. Најнапред морало да има решение за вршење на дејност, а дури потоа решение за невршење на дејноста.

Освен за овој случај, инспекторите направиле и вонреден инспекциски надзор за двегодишното дете од Дебар за кое што семејството го обвинува Асани дека се наоѓа во здравствена состојба да има церебрална парализа поради несоодветно изведено раѓање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here