Голем број „Жолти елеци“ и денес маршираа низ Париз

295
0
SHARE

Голем број граѓани излегоа и денес на улиците на Париз, продолжувајќи да вршат притисок на претседателот Емануел Макрон.

Денешниот протест на „Жолтите елеци“ почна на „Шанзелизе“ (Елисејски полиња), местото на нередите и на претходните протести. Меѓутоа, некои групи планираат да одржат протести вечерва во источниот дел на Париз.

Протестите на „Жолтите елеци“ се одржуваат 11. седмица по ред низ Франција, а на улиците на Франција денес се распоредени околу 80.000 полицајци.

Протестите започнаа поради зголемувањето на цената на данокот на горивото, но прераснаа во големо незадоволство поради економската ситуација во земјата. Демонстрантите бараат коренити економски и политички реформи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here