Пожарот на Скопска Црна Гора, на местото наречено Влајингроб, што избувна пред неколку часа, се шири. На терен интервенираат противпожарни екипи на Град Скопје, но поради ветрот и непристапниот терен, гаснењето е отежнато, информира Центарот за управување со кризи.
Пожарот се шири кон селата Никуштак, Виштица и кон Матејче во горниот дел од планинскиот превој. Гори сува трева и мешана шума.
Од страна на Општина Гази Баба упатено е барање за ангажирање на авионите на Дирекцијата за заштита и спасување во раните утрински часови.
Од ЦУК информираат дека противпожарните екипи ќе останат на местото и ќе ја следат состојбата во текот на ноќта за да го контролираат ширењето на пожарот.
Видео на ТВ 21 погледајте:
Пламените јазици брзо се шират – голем пожар на Скопска Црна Гора
Пламените јазици брзо се шират – голем пожар на Скопска Црна Гора
Posted by TV21 on Monday, March 18, 2019