Пожарникари со скали влегоа над станот што гори за да спасат неколку деца(фото галерија)
Ако.мк – јуни 10, 2019
Пожарникарите реагираа молскавично и со скали се искачија до станот кој се наоѓа над опожарениот во наслебата Кисела Вода на улица Народен фронт.
Таму, како што е алармирано, има деца.
Со пајак се пробиваше патот за пожарните, сѐ е блокирано од паркирани автомобили
Како што информиравме, околу 14 часот избувна голем пожар во стан на улица ,,Народни херои“ број 23 во Кисела Вода, а беше зафатен најмалку уште еден стан.
Последните информации од терен се дека нема повредени, а пожарникарите ги згрижија на безбедно децата од станот што се наоѓа над опожарениот.
Има голема материјална штета