Голгота на производителите на праска: Една гајба од 10 килограми се продава за 40 денари

1383
0
SHARE

Продолжува голготата на земјоделците во Росоман кои одгледуваат праска.

Денеска на кванташкиот пазар во Росоман цената на една гајба од 10 килограми праска изнесува само 40 денари што кај производителите создава дополнителен револт бидејќи цената не може да ги покрие трошоците кои досега ги вложиле во производството.

Земјоделците се жалат дека земјоделието е катастрофа и дека немаат помош од страна на државата, односно дека не се носат закони со кои ќе им се решат проблемите.

Тие бараат од страна на премиерот Зоран Заев да им го исполни даденото ветување за зелена нафта, бидејќи според нив, она што го ветил мора да се исполни.

-Ако веќе е ветено треба да ни дадат и зелена нафта, треба да ни го вратат данокот кој што ни го собраа лани, сега треба да ни го вратат, додава земјоделецот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here