Google Pay ги обединува Android Pay и Google Wallet

364
0
SHARE

Досегашните две услуги кои корисниците на Google и Андроид мобилните телефони им служеа за мобилни дигитални плаќања, Android Pay и Google Wallet, од сега ќе бидат обединети под едно едно име.

Новата услуга која ќе ги обедини двете досегашни се нарекува Google Pay, објавија од компанијата Google.

Целта на обединувањето е едноставноста на користењето и поголема сигурност и континуитет при користење.

Google Pay ќе ги користи податоците сочувани на Google сметката за плаќање со мобилен на продажните места кои поддржуваат ваков вид на плаќање. Во текот на наредните недели, барем во САД би требало да се појави, како во физичките продавници, така и онлајн.

Освен плаќање за производи и услуги во продавниците, Google Pay ќе овозможи и едноставно испраќање на пари помеѓу корисниците.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here