Горан Трајковски поднесе оставка од директорската функција

513
0
SHARE

Горан Трајковски поднесе оставка од директорската функција во Дирекцијата за заштита на личните податоци, објави Плусинфо. Трајковски во оставката, која во Собранието е доставена во петокот, пишува дека од лични причини си оди од ДЗЛП.

Тој за Плусинфо не сакаше да открие детали зошто година и пол пред да му истече мандатот во ДЗЛП ја напушта функцијата. На прашање дали ќе оди на друга функција, Трајковски вели:

Да почекаме да заврши ова, па ќе видиме.

Тој во оставката се заблагодарува на довербата да биде избран за директор, во како што вели, период кога Македонија се соочувала со тешки повреди на приватноста, намалена доверба на граѓаните во институциите, што било констатирано и од експертите предводени од Рајнхард Прибе.

Трајковски во времето на владеењето на Груевски беше и директор на Управата за јавни приходи, а во Дирекцијата за заштита на личните податоци е од 2016 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here