Горазд Росоклија: ШТО ПРАВАТ И КОН КАКВА ЊУЈОРШКА ЗАВРШНИЦА НЕ ВОДАТ

439
0
SHARE
Светскиот признаен научник во областа на истражувањето на невропатологијата и невроимунологијата, професорот Горазд Росоклија на својот Фејсбук профил го образложи своето видување за текот на преговорите за името со Грција:

 

ШТО ПРАВАТ И КОН КАКВА ЊУЈОРШКА РАЗВРСКА НЕ ВОДАТ

Грците ,,као“ одбиваат да го прифатат ,,решението“ кое го сонуваат преку 100 години, ,,нашиве“ цврсто стојат на правото на еден народ да изврши национално самоубиство, меѓународната ќе ги ,,притисне“ Грците да ја прифатат илинденската глупост и така ,,нашиве“ ќе бидат ,,победници“ со помош на меѓународните судии кои го аранжираа резултатот пред воопшто да ги инсталираат како власт во Македонија.

Не мислам дека постојат грчки ултиматуми за кои се преговара.

Постои план на ,,меѓународната“ за чие спроведување ги инсталираа како власт, овие аморални кловнови.

Ниту преговараат, ниту договараат, ниту имаат капацитет за преговарање.

Ќе го потпишат тоа што им е веќе поднесено за потпис, а на нас е да го отфрлиме и да не дозволиме негово спроведување.

Се уновчуваат себе си продавајќи не нас, утре ќе ги продаваат марихуаната и афионот, потоа становите за избеглици.

Неуспешно ќе се обидат да живеат надвор од Македонија, а Македонија ќе ја остават во пустош.

Ете тоа го прават.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here