Горење во Србија го префрли дел од производството

321
0
SHARE

Од Горење ДООЕЛ Скопје потврдуваат дека дел од производството на компанијата се сели од Велење, Словенија во Ваљево, Србија.

Оттаму појаснуваат дека во Ваљево се сели само производството на апаратите за ладење, додека пак Велење ќе го задржи производството на сите други апарати за домаќинство во портфолиото на Горење.

Во тек е преселба на производство на сите фрижидери и посебна линија на вградни фрижидери од Велење во Ваљево, која наскоро треба да се заврши, и ние очекуваме дека нивното производство тука почнува на 1 април, а можеби и порано – вели Сајмон Кумер, директор на “Горење Ваљево”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here