Ѓорѓиевски: Во Скопје владее хаос и криминал

309
0
SHARE

Во Скопје владее хаос и криминал. Само за еден месец во главниот град се пријавени 20 разбојништва. Нема ден, а да не се вади оружје. Мета се бензински пумпи, обложувалници и пошти. Прашање на време е кога ќе падне и првата жртва бидејќи Оливер Соасовски и неговите функционери се незаинтересирани да постапуваат или пак се во коалиција со криминалот, ова денеска на прес-конференција го истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Оливер Спасовски го интересираат само личните амбиции и кариера. Наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир, тој турка кампања за претседател и не презема ништо за намалување на криминалот во нашата земја. На први јануари се евидентирани три разбојнички кражби, една кај Хотел Белви со пиштол и нож и две во село Арачиново, со закана и употреба на физичка сила. Само два дена подоцна на трети јануари евидентирани се две разбојнички кражби од кои едната на ул. Исаија Мажовски, со остар предмет и една кај Поликлиниката во Чаир, со закана и со употреба на сила. Неколку дена потоа со пиштоли ограбена е бензинската на Окта на автопатот Тетово – Скопје. На 8 јануари со физичка сила и со употреба на нож е ограбена куќа во Сопиште. Неколку дена подоцна на 12 јануари со пиштоли ограбени се два објекти на улиците Јужно Моравска Бригада, каде е ограбена кладилница и објект на Климент Охридски, потенцира Ѓорѓиевски.

Тој додава дека со употреба на пиштоли се направени и две разбојнички кражби на 21 јануари на ул. Волт Дизни и ул. Климент Охридски. Два дена потоа е ограбена кладилница на ул. Благоја Стефковски и казино во Бутел.

-При крајот на месецот на 27 јануари на ул. Маџари е ограбена обложувалница и бензинска пумпа на Макпетрол, додека на 30 јануари ограбени се обложувалница на Спорт лајф на Партизанска, КАМ маркет на ул. Ѓорче Петров, Стокомак во Козле и двајца луѓе се повредени еден во Шуто Оризари и еден во Волково. Заедничко за сите овие криминали е тоа што ништо не се расчистува. Процентот на реализација на актуелното раководство на МВР е понизок од кога било во минатото. Затоа МВР крие колку дела се пријавени во Скопје, а колку од криминалите се расчистени. Да почитувани, нема место во Скопје, нема ден, кога не е извршено разбојништво. Градот ни е претворен во крвава арена. Криминалците владеат со улиците, а полицијата никаде ја нема да ги заштити нашите граѓани. Оваа власт ја наруши безбедноста и не е способна да го гарантира мирот на граѓаните. Оваа власт мора час поскоро да си замине, истакна Ѓорѓиевски.

Почитувани граѓани на Република Македонија🇲🇰,Во Скопје владее хаос и криминал, нема ден а да не се вади оружје. Мета се бензиски пумпи, обложувалници и пошти.Прашање на време е и кога ќе падне првата жртва, бидејќи Оливер Спасовски и неговите функционери се незаинтересирани да постапуваат, или, се во коалиција со криминалците.Оливер го интересираат само личните амбиции, наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните тој турка кампања за претседател и не превзема апсолутно ништо за намалување на криминалот.Градот ни е претворен во крвава арена, криминалците владеат со улиците – а полицијата никаде ја нема.Оваа власт ја наруши безбедноста и истата не е способна да ги заштити нашите граѓани.Оваа власт мора час поскоро да си оди!

Posted by Орце Ѓорѓиевски on Saturday, February 2, 2019

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here