Стевчо Јакимовски: О2 Коалиција беа соучесници во оркестрираната кампања против мене, нека не го поистоветуваат моето време, ние немаме исечено ниту едно дрво во Карпош 4

723
0
SHARE

Господине Јакимовски, Граѓанскаста иницијатива Коалиција О2  и Ние сме Карпош4 денес испратија писмо до Стефан Богоев во кое прават паралела со минатото со што се мисли на вас?

Јас тоа писмо не сум го видел, не може да прават паралели и несоодветни се, затоа што во Карпош 4 не сме исекле ниту едно дрво. Повторувам ниту едно дрво,а сме насадиле преку 600. Но како да е, сите тие учествуваа во платената и орекстрирана капамања во кое се обидуваа да ме прикажат како дрво мрзец и трево мрзец. Ова писмо не ги ослободува од соучество и од фактот што на власт во Карпош донесоа дете кое за време на работа си игра кантер страјк, не работи ништо, нема никаков проект. Главниот успех за 7 месеци е што ке исече 9 дрва и си се прошета во Америка.

Од О2 Коалија и Ние сме Карпош 4, тврдат дека дрвата биле здрави, како и дека има пропуст во процедурата, односно стручноста при сечењето?

Се сече само суво дрво, или ако смета на пробивање на патна инфраструктура. Дури и да биле заболени овие дрва постои метода на нивно лечење, а не сечење. Но чудно зошто се исечени овие дрва се плашам нешто друго зад оваа сеча, без причина неможат да се сечат дрва и згора на тоа да се квалификуваат како заболени. Па ве молам отидете пред баракаите на општина Карпош, таму има 3-4 исушени дрва, без лисја сосема суви. Тие им се пред очи секој ден, а колку што гледам на сликите ова се стебла со нормална и здрава лисната маса.

Граѓани од Карпош 4 шпекулираат дека овде на ова место ќе се гради кафеана и дека теренот се подготнува за тераса на угостителски објек?

Не верувам, искрено не верувам во овие шпекулации и се надевам дека не е тоа причината.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here