Гостивар и во тагата е пример за соживот

1351
0
SHARE

Тажни денови надвиснати над Гостивар, Градот тагува за своите граѓани трагично настрадани во автобуската несреќа.

Со своја изјава на сочувство се огласи и Тим директорот на К.К Гостивар Бали Саити.
Тој на Facebook го објави следново:

Ова е Македонија во мало!

Барем за момент застанете и сфатете дека пред Бог сме сите исти! Политика и нечовечност се сега најмалку потребни! Многу соништа останаа неисполнети и многу желби неостварени.

Заблагодарете се на Бог што некој ваш близок не е дел од оваа слика и помолете се за сила на преживеаните и спокој на починатите.

И не ја потценувајте моќта на мигот зошто сите ама баш сите сме само гости на овој свет!

Сите мајки плачат на ист начин без разлика на која националност припаѓаат затоа уште еднаш ве замолуваме престанете со ширење омраза барем во вакви моменти и со свој пример покажете им на вашите деца дека емпатијата е една од најважните човечки особини!

Спокој на душата на починатите и здравје и сила за повредените…Амин!”

Ова е Македонија во мало!Барем за момент застанете и сфатете дека пред Бог сме сите исти! Политика и нечовечност се…

Posted by Bali Saiti on Thursday, February 14, 2019

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here