Гостиварецот кој запали автомобилски гуми казнет со 2.000 евра

278
0
SHARE

Жител на гостивараското село Здуње плати глоба од сто дваесет и три илјади денари за палење автомобилски гуми и друг отпад на отворено, информираат од општина Гостивар.

Случајот, минатиот месец ја вознемири гостиварската јавност, со оглед дека од силниот оган беше созададен облак од црн чад, а притоа беа повикани пожарникари и полицијата.

Од гостиварската локална самоуправа нагласуваат дека ќе продолжат со активностите и борбата против загадувањето на животната средина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here