Град Скопје утрово го започна вонредното прскање против комарци во Скопје

228
0
SHARE

Град Скопје утрово го започна вонредното прскање против комарци во Скопје, кое требаше да се изврши вчера но се одложи за еден ден поради временските услови.

Авионското запрашување на главниот град следува откако последното беше извршено на 15 август, но граѓаните во меѓувреме граѓаните постојано се жалеа на наездата на комарци.

Град Скопје како причина за наездата ја наведе големата влажност во вегетацијата, која овозможува поволни услови за размножување на комарците.

Градоначалникот Петре Шилегов пред медиумите рече дека не е дозволиво често запрашување на градот и околината заради здравјето на граѓаните.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here