ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА БИТОЛА ЛАЖЕ ВО СВОИТЕ ИЗЈАВИ ИЛИ ВО ОФИЦИЈАЛНИТЕ ДОКУМЕНТИ?

506
0
SHARE

13 МИЛИОНИ ЕВРА ИЛИ 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА Е ЗАДОЛЖЕНА ОПШТИНА БИТОЛА?

Вчера во Советот на Општина Битола, утврдувањето на вистината колкав е реалниот долг што го наследи градоначалничката Наташа Петровска, од нејзиниот претходник побуди жолчна дискусија, бидејќи советниците на ВМРО ДПМНЕ, повикувајќи се на официјалниот документ – завршната сметка беа категорични дека долгот е помал барем за 10 милиони евра. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Борче Димитровски смета дека не постои начин како може да се објасни големата разлика од околу 10 милиони евра: – За да бидат подрастични искажаните податоци, како обврски се вкалкулирани повеќе од еден милион евра, коишто наводно произлегуваат од судски постапки што се во тек. Тоа отвора дополнителни прашања околу веродостојноста на овој податок, кој е дел од завршната сметка. Ако досега говоревме за лицемерие и алиби-политика по искажаните груби невистини, ова очигледно покажува за какви луѓе станува збор – обвини Димитровски. Димитровски појасни: -„се покажа долг од 10 милиони евра помалку, меѓутоа, ако се вкалкулираат побарувањата кои се 5,5 милиони, кога би се наплатиле, сметката би била во позитива. Анита Ангелевска, исто така, советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, упати прашање кога Градоначалничката Петровска ја зборувала вистината, на 11 ноември или пак вистинити се податоците во Завршната сметка, обвинувајќи ја позицијата дека во првиот случај станува збор за гола манипулација, политиканство и лажење на битолчани, а во вториот случај за криминал, бидејќи станува збор за официјален службен документ. И таа ги обвини претставниците на власта дека во завршна сметка не можат никако да бидат прикажани обврски за судски постапки во тек, освен по нивното стекнување правосилност, потенцирајќи дека пак во овој случај станува збор повторно за лаги или класична неписменост. Методија Илиевски координаторот на советничката група на СДСМ во одбрана на Градоначалничката Петровска, аргументите на опозицијата ги нарече весела математика: „ВМРО ДПМНЕ и овој пат ги имаат измешано бројките, реалните долгови на Општина Битола и јавните претпријатија се енормни и овие обвинувања се популизам. Градоначалничката Петровска мислам дека не е повикана на расправата за овој буџет, зашто за реализацијата на буџетот во 2017 година, 99 проценти е заслужен Владимир Талески “. Од независната советничка група „Поинаку“,не присуствуваа на разгледувањето на точката за завршната сметка на Општината, со следново образложение на советничката Илиевска: – „Главна причина е неприсуството на Градоначалничката на ваква важна седница за Општината. Со своето недоаѓање, Петровска по ништо не се разликува од претходниот Градоначалник, кој го гледавме само по телевизии и кој комуницираше со Советот само преку пресови со одредени новинари. Второ, не сакаме да присуствуваме, бидејќи и покрај ветувањата на власта нема јавност на седницата, нема камери да пренесуваат што се случува и како се трошат парите на граѓаните на Општина Битола.“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here