Градоначалник на СДСМ меѓу уапсените по престрелка со полиција во Струмичко

424
0
SHARE

Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев, од редовите на СДСМ, е уапсен под обвинение за шверц со цигари. Бил приведен синоќа додека бил заедно со неговата сопруга, синот и уште еден соучесник.

За време на полициската акција имало и вооружена престрелка, дознава Алсат М. Според првичните информации биле запленети два џипа со цигари.

Само пред два дена Стојчев пушташе во употреба новата пречистителна станица во село Ново Коњарево, општина Ново Село. Изградбата на пречистителната станица е дел од Проектот за управување со сливот на река Струмица, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со него на настанот беше и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here