Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ излезе со соопштение во пресрет на завршната расправа и гласањето за усвојување на уставните измени и промена на Уставното име.

559
0
SHARE

Во продолжение ви го пренесуваме целокупниот текст:

СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

Единствениот ,, суверен ,, на теритиријата на РМ се македонскиот народ и сите граѓани кои живеат во РМ. Тие одлучија на референдумот во 1991 година Р Македонија да биде самостојна суверена и независна држава. Од таму никој нема право да оди спротивно од волјата на народот. Покрај едномесечното медиумско насилие, притисоци и референдумски фалсификат на 30 септември 2018 година, власта го доби одговорот кој го бараше, а, ДИК, референдумот го прогласи, затвори и архивира како неуспешен.

Имајќи ја во предвид јасно искажаната волја на граѓаните Извршниот Одбор на ГРОМ, по претходна расправа на Централниот Одбор, останува на ставот дека никој нема право да ја редефинира и крши волјата на граѓаните. Народната волја не може да ја кршат осумдесетина однародени пратеници во собранието на РМ. Тие, наместо да бидат гласот на народот се претворија во извршители на мрачни сценарија против Македонците од страна на надворешен фактор.

Затоа, ГРОМ, јасно и недвосмислено и соопштува на македонската јавност, дека, не подржува промена на Уставот поради промена на уставното име, ниту пак, било – какви така наречени (квази) подобрувања со уставни амандмани.

Секој оној кој што се споротиставува и на манипулативен, дрзок и крајно безобразен начин се труди да ја изигра волјата на народот, во многу блиска иднина ќе се соочи не само со политичка туку и со правна – кривична одговорност, согласно позитивните законски прописи во РМ.

Граѓанска Опција за Македонија- ГРОМ
10.01.2019 г.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here