ГРЕКО: СЈО не гони високо профилни случаи, а медиумите се неслободни

242
0
SHARE

Министерството за правда го објави Извештајот на Групата држави за борба против корупцијата (ГРЕКО) за Евалуација на Македонија за „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот“. Петтиот круг на евалуација почна во 2017 година, а во извештајот до државата се упатени вкупно 23 препораки кои треба да се имплементираат до 30 септември 2020 година.

Во извештајот се наведува дека системот на кривична правда не е успешен во борбата против корупцијата, а СЈО генерално не гони систематски случаи од висок профил или политички чувствителни случаи.

Се смета дека напредокот во оваа област силно зависи од тоа дали судството во земјата може да почне да функционира независно и непристрасно.“

Експертите на ГРЕКО констатираат дека капацитетот на јавниот сектор за спречување на корупција има големи недостатоци.

Политичкото мешање во работата и именувањата во јавната администрација се широко распространети и често полни со етнички елементи. Непотизмот и судирот на интереси не се соодветно третирани, а медиумие се сметаат за „неслободни

Во однос на советниците на премиерот, ГРЕКО препорачува да се воведе ветинг за нивно ангажирање врз основа на правилата за интегритет. Покрај тоа, ГРЕКО препорачува имињата и платите на советниците да се лесно достапни на интернет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here