ГРОМ го поддржа СЕМАКЕДОНСКИОТ ПРОТЕСТ закажан за денес

387
0
SHARE

Граѓанска Опција за Македонија преку соопштение на официјалната веб страна објави дека го поддржува СЕМАКЕДОНСКИОТ ПРОТЕСТ кој е закажан за денес од 18:00 часот пред ЕУ-Центарот во Скопје.

СООПШТЕНИЕ

По повод СЕМАКЕДОНСКИОТ ПРОТЕСТ закажан на 27ми Фебруари 2018та година во 18:00 часот, пред ЕУ Центарот во Скопје, Граѓанска Опција за Македонија го поддржува.

ГРОМ не се согласува со политиките на актуелната власт, особено во дипломатските односи и цената која ние како Македонци треба да ја платиме за нашето ченство во Атланските и Еврпоските интеграции.

Граѓанска Опција за Македонија цврсто стои на ставот дека името Република Македонија, не треба да семенува.

Затоа, ГРОМ ќе го поддржува секое јавно изразување во контекст на несогласување со водењето на надворешната политика од страна на владата, а особено по прашањето на името на државата, идентитетот, јазикот и историјата.

Ова се прашања за кои никој во историјата не водел компромис, ниту била која земја во светот. Затоа и Република Македонија нема зошто да прави отстапки за членство во сојузи за кои не им се знае рокот на траење.

Извор: ГРОМ.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here