ГРОМ ОСТРО СЕ СПРОТИВСТАВУВА СО ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА ЗА ЦЕЛОСЕН КАРАНТИН: Одлуката да важи само за лоцираните кластери на Ковид 19, останатите граѓани треба да бидат слободни!

132
0
SHARE

СООПШТЕНИЕ

Опозицијата досега ги поддржа сите мерки предложени од Владата на Република Македонија. Од политички мотиви на ден 28.05.2020 година Здравствената Комисија и Владата на Република Македонија направија стратешка грешка со укинување на мерките за претпазливост од Kовид-19.

ГРОМ смета дека предлогот на опозицијата наместо вондредна да има кризна состојба се покажа како исправен и поцелисходен. Сведоци сме на фактот дека Владата денеска во одредени делови на државата прогласи кризна состојба. Опозицијата предупреди на 28.05.2020 година дека ќе дојдеме до зголемен број на заразени и мртви и тоа денеска ни се случува но, ГРОМ се противи повторно за христијански верски празници дел од населението во Република Македонија да биде казнето. Православните верници ги почитуваа мерките за Велигден сега се принудуваат тоа да го прават и за „Духовден“, Задушница .

ГРОМ смета дека мерката е непромислена и остро се спротивставува на истата. Сметаме дека карантинот треба да важи само за оние средини во коишто има енормно заразени од ковид-19 за што впрочем и Д-р Караџовски тврдеше дека тие ги знаат кои се кластерите. Па оттаму кога ги знаат каде се заразените нека ги изолираат нив а остатокот од населението да ги пуштат слободно да живее, да работи, да создава со почитување на мерките за социјална дистанца. Зошто во Скопје ако нема заразени во Карпош, Центар, Кисела Вода треба луѓето да бидат изолирани, се работи за 150.000 луѓе. Зошто последиците да ги трпи Македонски Брод, Демир Хисар, Ресен, Демир Капија, Дојран, Струмица, Берово, Пехчево, Кратово, Македонска Каменица и други кога според здраствените власти кластерите точно се знаат кои се и се идентификувани. Затоа идентификуваните треба да бидат во карантин а останатите граѓани на слобода.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here