ГРОМ СО СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА: Повик до членството и симпатизерите за излезност на претседателските избори

491
0
SHARE

По вчерашната седница на Извршниот одбор на партијата, ГРОМ излезе во јавноста со соопштение

Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ на синоќешната седница на Извршниот одбор одлучи да го повика своето членство и симпатизиерите задолжително да излезат на претстојните претседателски избори.

Како никогаш до сега потребно е да излеземе во што поголем број и да избереме нов Претседател на државата.

ГРОМ најенергично се спротивставува на сите оние кои заговараат бојкот.

Со избор на апстиненција, македонските граѓани ќе направат огромна штета на државата со тоа што владеачките партии ќе го променат уставот и ќе изберат Претседател во Парламентот.

Со избор на претседател во Собранието се отвара уште една можност за уцена на малцинството врз мнозинството граѓани во Републиката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here