Гром удри во Акропол, четворица повредени

369
0
SHARE

Громобранот на тврдината бил погоден од гром и од ударот се скршиле прозорците на кабините за билети на влезот на античката локација, повредувајќи двајца вработени во Министерството за култура и двајца туристи.

Двајцата туристи, еден маж и една жена, биле однесени во болница со мали расеченици и веќе се пуштени. Двајцата вработени во министерството ќе останат во болница преку ноќ заради претпазливост, пренесе Екатимерини.

Министерството за култура објави дека никакви оштетувања не биле предизвикани на ниеден од древните споменици и дека археолошката локација е затворена за денеска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here