Ципрас ја нарече постојната коалиција чесно партнерство и му се заблагодари на Каменос за извонредниот придонес во коалиционата влада.
Премиерот на Грција изјави дека ќе бара од Грчкиот парламент гласање на доверба за владата по оставката на министерот за одбрана Панос Каменос незадоволен од Преспанскиот договор.
Ја прифаќам оставката на министерот за одбрана. Познати се нашите идеолошки разлики со Каменос, но постигнавме многу без разлика на нив, кажа денес Ципрас на вонредната конференција за новинари и ја отвори вратата за заминување и на другите членови од редовите на Независни Грци, пренесува Катимерини.
Моменталната коалиција има 153 од 300 членови во Грчкиот парламент.