Грција забрани влез за дел од општините со најмногу заразени во Македонија

126
0
SHARE

Жителите на општините со најголем број на новозаразени од коронавирусот во вториот бран со кој моментално се соочува Македонија, добиваат забрана за влез во Грција.

Во Грција нема да можат да влезат жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, но и уште неколку општини каде вирусот забрзано се шири.

„Грчкото министерство за надворешни работи ги информира пограничните служби дека до 1 Јули забранува влез во Грција за жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари“ стои во соопштението на грчкото МНР.
Изминативе денови, ситуацијата ескалираше во овие општини па така во Тетово и Чаир има над 80 активни случаи на коронавирус, Липково над 40, а тука некаде се и Сарај и Бутел.

Очигледно Грција не сака да ризикува во пресрет на летната сезона и за разлика од македонските власти, тие решија веднаш да реагираат, за да не дозволат понатамошно ширење на Ковид-19 во нивната држава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here