Грците во трка да ги заштитат имињата и брендовите со „Македонија”

248
0
SHARE

Грчкиот весник „Катимерини” објави дека името „Македонија” се појавува во различни форми во брендовите на 182 грчки бизниси во сите сектори, а од нив 39 во секторот за храна и во земјоделскиот сектор, додека над 4.000 бизниси го користат терминот за опишување на еден или повеќе од нивните производи.

Ратификацијата на Договорот од Преспа меѓу Атина и Скопје ги покрена прашањата за тоа што ќе се случува во иднина со овие производи и бизниси, пишува весникот. Најголема загриженост кај грчките бизнисмени предизвикува фактот дека компаниите во Македонија исто така ќе имаат право да го користат тоа име, па тие повикуваат на конструктивен дијалог и согласност за неопходните регулации.

Клучните детали од ова прашање не се доволно јасни, па, како што пишува весникот, експертите ги советуваат грчките бизнисмени да ги осигураат и заштитат правата на своите логоа и имиња, во согласност со постојните европски и меѓународни процедури. Трговските комори во северна Грција веќе почнаа да преземаат дејства, нудејќи правни совети и помош.

Пренесува Нетпрес

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here